сабота, 27 јули 2024

СДСМ: ОЈО да ги истражи набавките на градоначалниците на ДПМНЕ во Битола и Велес

Надлежното јавно обвинителство да ја истражи аферата на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини од реалните цени, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Битола и Општина Велес, раководени од ДПМНЕ набавиле машина за бележење хоризонтална сигнализација, по астрономски цени, неколку пати повисоки од реалните. Општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, а општина Велес купила иста таква машина по цена 40.000 евра повисока од реалната. Од друга страна општина Илинден набавила таква машина по три пати пониска цена од набавките во Велес и Битола. Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има“, се вели во соопштнието на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ