„Сомнежите за судир на интереси кај членката на ДКСК, Цвета Ристовска, која истовремено била предавач на истиот Универзитет од каде што е спорната диплома на Христовски, како и фактите објавени во медиумите дека дипломата е стекната за само една година ја компромитира објективноста и независноста на одлуката.
Од овие причини Цвета Ристовска треба да си поднесе оставка а Државната комисија за спречување корупција да ја повлече и да ја преиспита одлуката за директорот на АНБ.
Дополнително, потребно е целосно расчистување на евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат.
Носители на функции во ДКСК мора да бидат пример за одговорност, интегритет и транспарентност. Судирите на интереси, манипулациите и злоупотребите мора да бидат санкционирани без исклучок. Само така може граѓаните да имаат доверба во оваа важна институција“, соопшти СДСМ.