сабота, 18 мај 2024

СДСМ оддаде почит на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Благодарни на неговото делот, споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев останува вечен, соопшти СДСМ.
По тој повод изјава даде заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина Соња Лукаревска:
„Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ