„Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, сè е поскапено. Граѓаните го чувствуваат тоа секој ден и го гледаат во маркетите и продавниците,“ велат од СДСМ.
Партијата укажува дека и официјалните податоци од Државниот завод за статистика го потврдуваат неуспехот на оваа политика.
„Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснаа за 4,3%. Дополнително, инфлацијата е за 4,4 проценти повисока во однос на истиот период минатата година,“ додаваат од СДСМ.
Според партијата, ваквите политики само ги збогатиле големите трговци, а десетици милиони евра биле извлечени од џебовите на граѓаните со амин на актуелната власт.
„Наместо погрешни и промашени политики со кошнички, власта треба да ги прифати предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ на храната и за зголемување на платите. Само така може реално да се намалат цените и да се подобри животниот стандард на граѓаните,“ истакнуваат од СДСМ.