сабота, 27 јули 2024

СДСМ: Николоски штанца лаги и сее магла затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

СДСМ нема да се занимава со лагите на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ, Ковачевски, Пендаровски имаат јасен план и визија за европска иднина и тоа го претставуваме пред граѓаните, пишува меѓу другото во реакцијата на СДСМ на денешната изјава на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој кажа дека кампањата на Пендаровски е финансирана со крадени пари и поради тоа народот ќе го казни.

Објавено на

часот

Сподели

ДПМНЕ нема понуда за граѓаните, Николоски штанца лаги затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот, велат од СДСМ.

„Познатиот извор на лажни вести и невистини, Александар Николоски штанца лаги и сее магла затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски. Граѓаните гледаат кулминација на нервозата коишто ја манифестираат претсатвниците на ДПМНЕ  додека нивната кандидатка никаде ја нема. ДПМНЕ немаат понуда пред граѓаните ниту план за иднината, немаат што да им кажат на граѓаните.  А немаат ниту поддршка од граѓаните на празните митинзи. Затоа се нервозни и се обидуваат да ја сменат темата.  СДСМ нема да се занимава со нивните лаги. СДСМ, Ковачевски, Пендаровски имаат јасен план и визија за европска иднина и тоа го претставуваме пред граѓаните“, пишува во реакцијата на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ