„Оставивме два експресни патишта со над 90 отсто прогрес за кои ДПМНЕ блокираше закони во Собрание а сега сѐ уште не може да ги заврши. Оставивме завршени со изградба социјални стабени згради во Кочани, Велес, Бутел и Дебар кои треба само да се сликаат и да ги распределат. Оставивме проекти во делот на водоводите и канализациони системи во Струмица, Кичево, Штип“, реагираат од СДСМ.
Од партијата велат дека Николоски потврдил дека нема 100 милиони евра за општините оваа година и дека продолжуваат единствено проектите во општините започнати од СДСМ.
„Единствено што направи Николоски беше промовирањето на трет мобилен оператот од Унгарија, и кредит од 500 милиони евра. Потсетуваме дека кредитот за поврзување на локални патишта кои две години ДПМНЕ го блокираше во Собранието беше земен со под 1 отсто камата за разлика од сегашните 3,2 отсто. Ова се фактите. Но најчудно на денешната прес конференција на Николоски е што ја молеше Бугарија, откако се искара. Го стопираше проектот за железничка пруга, а сега бара од Бугарија заедничка градба на истиот“, се наведува во реакцијата на СДСМ.