петок, 27 декември 2024

СДСМ: Не треба да се казнуваат граѓаните со незаменета возачка дозвола

Не треба да се казнуваат граѓаните кои ги немаат заменето возачките дозволи со нови со новото уставно име на државата. Возачките се за домашна употреба и законот дава можност за опомена, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо решение, новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски создава хаос со документите и шири паника меѓу граѓаните. Пред само неколку дена, во интервју за Алсат М Телевизија, министерот од ДПМНЕ рече дека граѓаните кои ги немаат заменето возачките дозволи нема да бидат казнувани. Вчера ја смени плочата, министерот од ДПМНЕ вели дека ќе ги казнувале граѓаните. Никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ