„Ископот на јаглен во РЕК Битола е на историски минимум! За одржување на минималното производство, потрошувачката на мазут е триплирана, за што се трошат баснословни суми на пари.
Наместо решенија за хаосот што сами го создадоа, раководствата на комбинатот и на АД ЕСМ, прават козметички промени во менаџерскиот тим. Разрешен е директорот на рудници на РЕК Битола, Златко Шиниковски после само пет месеци откако беше назначен на функцијата. Променети се и неколку раководители на сектори во рудници, што само потврдува дека неспособни кадри го водат комбинатот од кој зависи цела држава.
Овој некадарен тим кој го раководи РЕК Битола во меѓувреме си донел одлука за плаќање на прекувремената работа и за нив, а не како што беше досега само за работниците. Така, сега платите на директорите, раководителите и советниците ќе достигнуваат над 2.000 евра. Додека РЕК е во хаос. Срамно е ова што му се случува на РЕК Битола за да се задоволат интересите на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.