петок, 13 декември 2024
Изјава на портпаролот на партијата

СДСМ најави продолжување на важноста на возачките и сообраќајните дозволи и на осигурителните полиси

Порпаролот на СДСМ, Дарко Каевски утрово изјави дека пратениците од партијата во Собранието ќе поднесат предллог законски измени за продолжување на важноста на возачките и сообраќајните дозволи, на осигурителните полиси и на сообраќајните книшки.

Објавено на

часот

Сподели

„Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот.

Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание.

Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог“, изјави Каевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ