„Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот.
Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание.
Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог“, изјави Каевски.