сабота, 27 јули 2024
Клементина Брзаковска

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

СДСМ на работ на пасокизација или како од доминација до маргинализација

Во текот на изминатите години, политичката сцена во Македонија беше исполнета со жестоки борби, нескриени амбиции и страсти кои многу пати ја надминуваа рационалната граница на политичката игра чии централни играчи беа политичките ривали СДСМ/ДУИ наспроти ВМРО-ДПМНЕ. И додека овие вториве ја продолжуваат својата битка за подобра Македонија, СДСМ, водена од длабока желба за уништување на својот најголем политички противник, се соочува со сопствените последици – процес кој води до своевидна „пасокизација“.

Како СДСМ стигнаа од доминација до маргинализација во неколку чекори?

Желбата за уништување на ВМРО-ДПМНЕ не беше само политичка стратегија; тоа им стана централна тема на политичката агенда на двоецот СДСМ и ДУИ. Но како СДСМ некогаш доминантна на политичката сцена, влезе во неразумна битка со еден единствен фокус – да го дискредитира, деградира и уништи својот противник по секоја цена. Секој обид за реформска политика, секоја идеја за подобрување на животниот стандард на граѓаните беше потисната во сенката на оваа деструктивна мисија.

Патот кон маргинализација е терминот „пасокизација“ кој произлезе од судбината на некогаш моќната грчка партија ПАСОК, која, по серија грешки и непопуларни одлуки, беше маргинализирана и заменета од нови политички сили. Денес СДСМ ја следи истата патека. Жестоките политички напади и постојаната деструктивност наметнаа еден вид „умор“ кај македонските граѓани, кои сé повеќе се вртат кон нови, посветени и конструктивни политички опции.

Политички личен интерес пред јавниот добробит е слабата карика на оваа структура лидери во СДСМ. Одбивањето да се фокусира на конструктивни решенија и упорноста да се уништи ВМРО-ДПМНЕ ги остави СДСМ во состојба на политичка и морална криза. Паралелно со растечката недоверба од страна на граѓаните, партијата почна да се распаѓа одвнатре, со изливи на незадоволство и расколи. Политичарите кои под превезот на паролата „Нема правда – нема мир” наводно го бранеа јавниот интерес сега станаа жртви на сопствените амбиции и недостаток на визија.

Историјата често ги повторува своите лекции. Политичките партии кои се водат од омраза и деструкција, наместо од конструктивност и визија, се осудени на пад. СДСМ, некогаш навидум моќна сила, сега се соочува со реалноста на своите погрешни избори. За ВМРО-ДПМНЕ и другите политички актери, ова е важна поука – вистинскиот пат до успехот лежи во визијата за подобра иднина, а не во уништувањето на противникот.

Македонија заслужува политичка сцена водена од идеи, решенија и посветеност на јавниот интерес. Сите очи се вперени во ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните имаат очекувања да продолжи да ја гради својата визија за поубава, просперитетна, економски стабилна Македонија. Во оваа нова политичка реалност, вистинските победници ќе бидат оние кои ќе ја постават добробитта на граѓаните пред своите лични амбиции.

Клементина Брзаковска, правник

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ