сабота, 27 јули 2024

СДСМ: На половина од мандатот локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ носи само разочарувања за граѓаните

„На половина од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје и над 40 општини низ државата заклучокот е дека градоначалниците на ДПМНЕ целосно ги разочараа граѓаните. По две години локална власт на ДПМНЕ јаснo е дека ветеното пред граѓаните не се реализира, нема нови проекти, нема развој“, реагира СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Од Скопје неспособните градоначалници на ДПМНЕ создадоа една голема депонија, создадоа нечист и нефункционален град кој се уназадува.

Во Скопје не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

Нема бесплатен јавен превоз, нема нови еколошки 250 автобуси, јавниот превоз е во хаос, јавните претпријатија се пред колапс.

Истото го гледаме и низ другите општини водени од градоначалници на ДПМНЕ. Нема нови проекти но затоа ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните со повисоки сметки за комунални услуги.

ДПМНЕ ги има најнеспособните градоначланици. Со ДПМНЕ општините две години назадуваат наместо да напредуваат“, се вели во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ