сабота, 27 јули 2024

СДСМ на 30 јуни ќе избира претседател на партијата

Вечерва Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела). Одлуката е донесена по повлекувањето на Димитар Ковачевски од функцијата претседателот на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација.

На седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија“, соопшти СДСМ.

Инаку, засега само Славјанка Петровска и Јован Деспотовски најавија можност да се кандидираат за лидерската позиција во партијата, a поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски децидно денеска одговори дека нема повторно да се кандидира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ