петок, 18 октомври 2024
Реакција

СДСМ му порача на Мицкоски дека честото менување на ставовите може да значи дека е целосно загубен

Објавено на

часот

Сподели

Според СДСМ, пречестото менување ставови од страна на Мицкоски за европската иднина на земјава, за македонскиот јазик, не говори добро за него и покажува дека можеби е целосно загубен. 

„Ако не е голема работа признавањето на македонскиот јазик во ЕУ чуму беа лагите, протестите и хистериите за бугаризација и асимилација? Пречестото менување ставови од страна на Мицкоски, за европската иднина на земјава, за македонскиот јазик, не говори добро за него и покажува дека можеби е целосно загубен. Но, тоа е негов проблем. Нека се стабилизира и нека се пресмета“, наведува СДСМ.

Партијата го коментира и ставот на Мицкоски за германската поддршка.

„Секој кој барем малку ѝ мисли добро на македонската држава и на македонскиот народ искрено ја поздравува и се заблагодарува на силната и јасна поддршка од Германија и канцеларот Олаф Шолц за земјава и за македонскиот идентитет. Тоа не е случај со Христијан Мицкоски и ДПМНЕ. Само Бугарија и Мицкоски се на иста страна, незадоволни од поддршката на Германија. Тоа што Мицкоски ја потценува силната поддршката на Германија и Шолц зборува за него“, нагласува СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ