сабота, 27 јули 2024

СДСМ: Мој ДДВ, 790 милиони денари се враќаат кај граѓаните

Продолжуваме со мерките и политики за враќање на парите кај грѓаните. Почна исплатата на средствата од Мој ДДВ за третото тромесечје од 2023 година. На сметките на речиси половина милион граѓани легнуваат вкупно 790 милиони денари. Со проектот Мој ДДВ за повеќе од четири години на сметките на граѓаните се вратени безмалку 120 милиони евра, соопшти СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа се сериозни пари кои се директно исплатени на сметките на граѓаните и вратени во семејните буџети. Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија, бидејќи се повеќе граѓани бараат фискални сметки.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел од ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник, а може да се очекува износот за поврат преку МојДДВ да расте и понатаму.

СДСМ се грижи за граѓаните, за повеќе пари во семејните буџети, за унапредување на животниот стандард“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ