„На среден рок се предвидува намалување на стапката на сиромаштија, намалување на невработеноста и невработеноста на младите, пораст на платите и пораст на БДП по глава на жител. Како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики за намалување на инфлацијата и за поттикнување на економскиот раст“, соопшти СДСМ.
СДСМ: Мерките на Владата доведоа до едноцифрена инфлација
Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ за намалување на инфлацијата даваат резултати, што е потврдено и од Светска банка. Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација и очекува инфлацијата да продолжи да се намалува годинава и следната година, додека историски ниското ниво од околу 2% би се постигнало во 2025 година, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
Објавено на
часот