Претседателката на Советот Илиевска по гласањето предложи на дневен ред да се постави точка за смена на претседателите на комисиите за спорт и млади, за комунални дејности, за економски развој, за јавни дејности, кои беа прифатени од мнозинството советници во Советот на Општина Битола.
Коњановски е лут затоа што Илиевска на функцијата дојде со 13 гласови на ВМРО-ДПМНЕ, два од Левица и три од Поинаку.
Новата коалиција во Советот има јасна тенденција на пресликување на деструктивната централна политика на локално ниво, рече Коњановски и додаде дека тоа не е во интерес на битолчани, кои како што нагласи, чекаат реализација на програмските ветувања.
„Советничката Габриела Илиевска, продолжува да делува како продолжена рака на СДСМ, а нејзиното незаконско работење денес е наградено со поддршка од СДСМ и покрај бројните решенија и дописи од државниот инспекторат за локална самоуправа, за прекршување на Деловникот за работа од страна на Илиевска. Новата коалиција, која месеци наназад неофицијално се препознаваше, денес се потврди со неизгласувањето на разрешувањето на советничката Габриела Илиевска, од позицијата претседател на Советот на Општина Битола. Зад ваквото делување, не постојат чесни намери и тоа лесно се препознава. Зад секоја кочница на реализацијата, одговорноста пред граѓаните, ќе мора да ја понесе новата коалиција на СДСМ и Поинаку која повеќе од очигледно е долго време планирана па оттаму доаѓа и одговорот зошто проектите и општинската работа во континуитет се кочат“, рече градоначалникот.