сабота, 19 октомври 2024

СДСМ ќе гласа против враќањето на споменикот на Ќосето во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Катастрофа му се случува на Скопје секогаш кога ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат градот, реагираат од СДСМ.

„Скопје две години е град без перпективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект.
И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ. Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет.
Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт. Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската  антиевропска ДПМНЕ и ништо друго. СДСМ преку својата советничка група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја“, велат од советничката група на СДСМ во Град Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за одредување нова локација на спомен обележјето на Ќосето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ