„Не е реализирано ниту ветувањето за 250 нови автобуси.
Проектот за еколошки, брз транспорт БТР, е стопиран.
Не само што нема бесплатен превоз, туку градскиот сообраќај и јавниот транспорт се во постојан хаос, а ЈСП пред колапс.
Поради неспособноста на ДПМНЕ страдаат граѓаните на Скопје.
Наместо модерно Скопје, со ДПМНЕ граѓаните добија заглавен град во хаос“, се вели во соопштението на СДСМ.