сабота, 27 јули 2024
Избори 2024

СДСМ и Пендаровски од митигнот во Скопје упатија последен повик да се каже ДА за Европа

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски и коалицијата на СДСМ вечерва во Скопје го одржаа завршниот митинг во рамки на претседателската и парламентарна кампања. Пендаровски и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски побараа поддршка од граѓаните за да се избори двојна победа, со која, како што беше кажано, нема откажување од Европа.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Тој ги повика скопјани, но и сите граѓани на Македонија да размислат кому ќе ја дадат довербата в среда бидејќи ако се дограби ВМРО-ДПМНЕ до власт, како што нагласи, последиците можат да бидат непоправливи и на среден и на долг рок, бидејќи според него тоа се луѓе без искуство, без политичко искуство да водат држава, да водат град или општина.

„Кога ќе ги прашате што ќе правиме со нашето членство во НАТО, кое самите во својата програма го ставија како најголема вредност и најголема контрибуција за безбедноста на Македонија, тие велат ќе го почитуваме Преспанскиот одговор, но никогаш нема да изговориме Северна. Да го кажува ова дете од претшколска возраст па и ќе се насмеете. Кога го кажува возрасен човек, професор на факултет, кандидат за највисоката политичка функција, а тоа го повтори и денеска на последниот дуел кој го имавме, единствено ви останува да ја жалите госпоѓата“, додаде Пендаровски.

Тие, продолжи Пендаровски, немаат ниту еден конкретен одговор за нашите најголеми стратешки проблеми и дилеми.

„Велат немало да ја менуваат Европската преговарачка рамка, таа ќе останела како што е. Меѓутоа ќе барале за возврат од Бугарија да исполнува одлуки на судот во Стразбур. Кога ќе и предочите на госпоѓата дека не е можно од 1957 кога е направена ЕУ, до ден денешен земја која е кандидат, која не е членка, да условува земја која е членка на ЕУ, што е азбука во сите меѓународни организации и кога ќе и кажете дека солидарноста меѓу земјите членки е примарна, не кон оние кои не се членки, таа само превртува со очи и буквално ништо не ви одговара“, рече Пендаровски.

Осврнувајќи се на изјавите на неговата противкандидатка дека Рамковниот договор го надминал времето, Пендаровски истакна дека Македонија ќе опстои исклучиво како заедница на потполно рамноправни граѓани.

„Кога имате работа со луѓе кои за, а сите знаеме колку мртви колку повредени, колку инвалиди, колку деструкција имавме во таа 2001 и дека тие рани ден денеска не можеме да ги залечиме, тоа значи дек тие луѓе немаат осет во каква држава живеат, каква е популационата структура. Ако можело да функционира 23 години, не гледам причини да одиме по овие забегани теории, заговори и личности кои тврдат дека имале подобри решенија“, подвлече тој.

Истакнувајќи дека граѓаните на Центар имаат голем креативен, демократски потенцијал, тој ги повика на 8 мај масовно да се мобилизираат и да покажат дека знаат да се грижат за себе и за иднината на своите деца.

„За да ја зацементираме иднината на Македонија на магистралата која води кон Европа и развиениот свет, со заокружување на бројот 1, во масовна бројка да им покажеме на ова кои ја замислуваат Македонија само како нивна, приватна држава дека нема да успеат. Нема да успеат! За број 1, на 8 мај, на двата избора“, заклучи Пендаровски.

Претседателот на СДСМ и носител на листата за пратеници во Првата изборна единица, Димитар Ковачевски порача дека двојните избори на 8 мај се последниот повик за Европа и од тоа, нема да се откажат.

„Исто како што не се откажавме изминативе седум години кога се соочивме со многу предизвици, кога се боревме со сите кризи, со пандемијата, инфлацијата, енергетските проблеми. Знаете и самите дека имавме многу подеми и многу падови. Но, во ниту еден момент, ниту се откажавме, ниту се предадовме, ниту се повлековме. Бевме рамо до рамо со граѓаните. Во време на СДСМ платите се зголемија за 120 проценти, а пензиите за 55 проценти, со антикризни мерки во висина од над 2,6 милијарди евра и 2,5 повеќе странски директни инвестиции со подобри платени работни места“, посочи Ковачевски.

Ковачевски потенцира дека солидарноста, заедништвото, социјалната држава и правдата, се оние кои помогнале да се извлече државата од хаосот што го носеле кризите, но и овозможиле да одиме напред и да постигнеме одлични резултати.

Ковачевски на крај ги наведе зачленувањето во Обединетите Нации, добивањето на кандидатски статус на Македонија за влез во Европската Унија и зачленувањето во НАТО како тешки, но исправни одлуки што се донесени во време кога СДСМ била на власт и порача дека исто така СДСМ заедно со граѓаните, ќе ја внесе земјата и во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ