петок, 26 јули 2024

СДСМ: И Мицкоски, како и Силјановска Давкова, гордо се фотографира со Ковачев

Откако вчера СДСМ објави фотографија на кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, сликана со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, за која беше даден коментар дека гордо стои до негаторот на Македонија и македонскиот народ, денеска партијата објави и фотографија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со истиот европратеник.

Објавено на

часот

Сподели

„Не е само Гордана Силјановска, горд на слика со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, туку фотографија има и Христијан Мицкоски.

Андреј Ковачев е познат негатор на македонскиот народ. Јавно порачуваше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана.

Што има заедничко Мицкоски со Ковачев?

Дали Мицкоски се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци?

Сликите кажуваат многу. Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ