сабота, 1 март 2025

СДСМ и коалициските партнери ќе потпишат нова платформа за соработка

Нов меѓукоалициски договор и потпишување на нова платформа за соработка, заклучија не денешната средба претставниците на СДСМ и неговите колициски партнери. На средбата на лидерите на партиите од коалицијата која се одржа во штабот на СДСМ, се разговараше и за актуелната политичка состојба.

Објавено на

часот

Сподели

„Заклучокот од средбата е дека власта за само девет месеци ги разочара граѓаните, го уништи животниот стандард и ги запре покачувањата на платите. Сите лидери посочија дека економската состојба драматично се влошува, а ВМРО-ДПМНЕ со лошите политики креира економска криза и инфлација која го јаде стандардот. Коалициските партнери заклучија дека има целосен застој и блокада во евроинтеграции на државата, а последните одлуки во меѓународната политика покажуваат скршнување од стратешкиот курс што може да биде закана по стабилноста на земјата.
Како одговор на овие предизвици, коалицијата предводена од СДСМ одлучи дека мора го зацврстува единството, да ја постави соработката на повисоко ниво и да покаже јасна подготвеност за сите идни политички предизвици, вклучително и за претстојните избори.
Со договорот кој ќе се потише наскоро ќе се потврди дека коалицијата останува стабилна, организирана и посветена на заштитата на националните интереси и обезбедување на политичка стабилност. На состанокот лидерите на партиите јасно ја истакнаа заложбата за демократските вредности, владеењето на правото и почитувањето на Уставот на Република Северна Македонија.
Еден од клучните сегменти на договорот е јакнењето на националните интереси, што подразбира градење национален консензус за стратешки прашања, интензивирање на меѓународната соработка и унапредување на добрососедските односи. Коалицијата е цврсто определена за евроинтеграциите и продолжување на реформите потребни за членство во Европската Унија.
Новина во идното делување на Коалицијата е формирање на Советот на коалицијата со цел подобра координација и заедничко делување. Овој совет ќе гарантира ефикасност, брзо донесување одлуки и силна политичка синергија помеѓу коалициските партнери. Дополнително, на состанокот сите лидери недвосмислено се за заложија за заедничка борба против корупцијата во општеството како врвен приоритет и поддршка на реформите во институциите за унапредување на владеењето на правото.
Со оваа нова политичка динамика, коалицијата предводена од СДСМ испраќа јасна порака дека е подготвена силно да се спротистави на лошите политики на власта. Оваа коалиција не само што гарантира стабилност, туку и претставува единствениот вистински избор за просперитет и напредок на сите граѓани“, соопшти СДСМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ