сабота, 27 јули 2024

СДСМ го предложи Јован Митрески за претседател на Собранието

Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ вечерва е предложен од неговата партија за претседател на Собранието. Од 28 јануари Митрески ќе го замени Талат Џафери, кој 100 дена пред парламентарните избори ќе стане премиер во техничката влада.

Објавено на

часот

Сподели

По вечерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ портпаролот на партијата Дарко Каевски изјави дека Митрески е пратеник со долгогодишно искуство, чесен, вреден и посветен на граѓаните и државата.

„Сигурни сме дека Митрески ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните“, рече Каевски.

СДСМ од вечерва ја почнува и постапката за избор на кандидат на СДСМ за претстојните претседателски избори. Исто така одлучено е шеф на изборниот штаб на СДСМ да биде генералниот секретар Миле Зечевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ