Работната група ќе ја предводи генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски
„ЦО му дава апсолутна поддршка на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и работната група да продолжат со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени, а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата“, изјави по седницата на ЦО Богданка Кузеска, портпарол на СДС.
Кузеска информираше дека ЦО оценил дека е добро што на средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент, како и дека го поздравуваат првиот чекор што го направил Христијан Мицкоски со прифаќањето на уставните измени.