сабота, 27 јули 2024

СДСМ: „Феникс“ е уште една потврда на ултра-криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„15 лица, меѓу кои и поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра пари на граѓаните за 11 споменици од Скопје 2014. Бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение. Сето ова се факти кои не говорат добро за ДПМНЕ, напротив.

И наместо Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи и одговорност на секој што го прекршил законот тој го брани криминалот на ДПМНЕ. Тоа покажува дека ништо не се променило во ДПМНЕ, тоа е истата режимска, криминална партија“, наведува СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ