сабота, 27 јули 2024

СДСМ: Единствена шанса за подобра македонска иднина е членството во ЕУ

СДСМ иднината на Македонија ја гледа во ЕУ, како горда, рамноправна членка на европското семејство, до 2030 година. Државата со СДСМ по 17 години чекање ги започна преговорите за членство во ЕУ и успешно го заврши скрининг процесот, се вели во денешното соопштение на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„На економски план изминатите години направивме многу. Пензиите и платите ги покачивме на историски највисоко ниво, успешно се справивме со енергетската криза, како и со ковид кризата, преку антикризни пакети и таргетирани мерки парите се враќаат назад кај граѓаните.

Можностите за поголеми плати и пензии, функционален судски систем, забрзан раст на економијата, поголеми инвестиции, европски стандарди во сите области, доаѓаат од членството во ЕУ. Друга алтернатива нема.

Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ е целосно откажување од иднината. Даваат лажни ветувања, со кои ја носат земјата во изолација.

Претстојните избори се најголемата шанса за да продолжи напредокот кон ЕУ со глас за СДСМ и коалицијата и да се спречи заканата од изолација на земјата со ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ