сабота, 27 јули 2024

СДСМ: ДПМНЕ сака да ја загрози постапката за фирмите кои сакале да го изиграат системот

ДПМНЕ е или толку очајно или сакаат да ја загрозат постапката која што е во тек а ја спроведуваат надлежни институции по налог на УЈП, прашуваат од СДСМ во реакцијата што ја испратија до јавноста, а по прес конференцијата на пратеникот Бојан Стојаноски кој обвини дека безимотни фирми од кои не може да се наплати долг незаконски земале поврат на ДДВ, а Управата за јавни приходи знаела за тоа.

Објавено на

часот

Сподели

„Дека постои мрежа на нафтени компании кои сакале да го изиграат системот и да испумпаат пари од буџетот заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП јавно соопшти. Случајот е откриен токму од УЈП, целата постапка на разоткривање и процедура за расчистување е веќе завршена и јавноста ќе биде запознаена со сите информации.  Предвремено изнесување паушални, неточни и непроверени работи како што прави ДПМНЕ ја загрозува постапката и опозициската партија треба да престане со дезинформации да прави штета. Сите инволвирани во овој случај ќе сносат одговорност согласно законите. ДПМНЕ треба да одговори за испупувањето на парите кои нивните градоначалници ги првата низ општините, каде за машини кои вредат 2-3 илјади евра се трошат по 50 илјади евра“, пишува во реакцијата на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ