сабота, 27 јули 2024

СДСМ: ДПМНЕ предлага министри а не ги гласа

ДПМНЕ се заплетка, предлага министри, а не ги гласа, седат во техничка Влада со Џафери, а глумат дека не се, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„ДПМНЕ смата се заплетка. Прво ја проблематизираше техничката Влада, па велеше дека нема да учествува, потоа реши дека ќе учествува.

Предложи министри до техничкиот премиер Талат Џафери, а потоа пратениците на ДПМНЕ не ги гласаа сопствените предлози при изборот на техничката Влада во македонското Собрние.

Го напаѓаат Џафери, а во 2013 година беше министер за одбрана во Владата на ДПМНЕ со истите оние кои денеска велат дека бил ‘дезертер’.

Предлагаат министри, а не ги гласаат, седат во техничката Влада предводена од Џафери, а се прават дека не се дел од неа.

Мицкоски не знае кај тера. Ниту има став, ниту има капацитет да донесе некаква одлука, ниту пак знае што прави“, се вели во соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ