вторник, 17 септември 2024

СДСМ бара зголемување на надоместокот за бранителите, партиите на Албанците се строго против

Изедначување на сумата пари која треба да ја добијат членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили и изедначување на надоместокот за претрпена душевна болка во периодот од 2000 година до денес, предлага пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска во предлог законот за измени на Законот за посебни права на безбедносните сили што денеска се најде на дневен ред на 14. собраниска седница. Предлогот ги судри коалициските партнери. Вреди ја напушти собраниската сала, а од Европскиот фронт се изјаснија дека нема да го поддржат.

Објавено на

часот

Сподели

Предлог-законот за бранителите и нивните семејства предвидува зголемување на висината на надоместокот врз основа на степенот на попреченост од 1.200 евра како максимална месечна вредност, на 82.000 евра доколку степенот на попреченост е 100 проценти како еднократен надоместок.

Со предлогот се предвидува за 100 отсто воен инвалидитет надоместокот да е 5..000.000 денари, 90 отсто 3,700.000 денари, за 80 отсто да биде 3.400.000 денари. СДСМ прелага за 70 отсто воен инвалидитет надоместокот да биде 3.100.000 денари, за 60 отсто 2.800.000 денари, за 50 отсто 2.500.000 денари, за 40 отсто воен инвалидитет да биде 2.200.000 денари, за 30 отсто 1.500.000 денари и за 20 отсто воен инвалидитет надометокот да биде 1.200.000 денари.

Предлогот ги опфаќа семејствата на загинатите или починати припадници на Армијата и  министерството за внатрешни работи (МВР), како и на семејствата на загинатите во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце во 2008 година, на загинатите припадници на МВР во авионската несреќа, кога загина и претседатот Трајковски, во хеликоптерската несреќа во Струмица во 2014 година, во Диво Насеље, во 2015 година и на починатите и загинати во вршење на службени должности во периодот од 1991 до 2024 година.

Пратеничката Петровска од СДСМ уште предлага воен инвалид од АРМ или МВР, кој остварил право на паричен надоместок, да има право на исплата на надоместок само на разликата до висината сегашниот надоместок. Се бара и еднократното обештетување од 80.000 евра да се исплатува на еднакви делови на членовите на семејството, а доколку родителите се починати, рамномерен дел од надоместокот да добијат браќата, сестрите и другите наследници.

Предлогот ги судри коалициските партнери. Вреди ја напушти собраниската сала, а од Европскиот фронт се изјаснија дека нема да го поддржат.

Аднан Азизи од Вреди овој предлог закон го оцени како провокација и побара да се повлече.

„Не долевајте масло на огнот. Во моментот кога светот и регионот се во нестабилна состојба и кога се предвидува трета светска војна, вашиот предлог е лицемерен, а во позадина има сценарио од сценаристите кои сакаат да нема мир дури ни на Балканот. Во режија на Русија и Србија предлагате закон со кој се нарушуваат односите меѓу двете етнички групи и овој предлог беше со Охридскиот договор или ќе помине заедно со поранешните припадници на ОВК, но нема да биде прифатен“, изјави Аднан Азизи од Вреди.

Блерим Беџети од Европски фронт, рече дека нема да го поддржат овој закон и апелираше до Вреди дека како парламентарно мнозинство не треба да дозволи овој предлог закон да биде изгласан.

„Ние како пратеничка група на Европскиот фронт нема да го поддржиме овој закон, но ми е многу чудно колегите од Вреди и пратеникот Аднан Азизи кои излегуваат во име на пратеничката група и предупредуваат дека демонстративно ќе ја напуштат седницата. Вие сте парламентарно мнозинство и заедно со нив моравте да спречите овој закон да се гласа и тој да не биде дел од расправата“, рече Беџети.

Пратеникот Ријад Шаќири ја обвини СДСМ дека, како што рече, покрај тоа што претседавала два мандати со Министерството за одбрана, немала војла да изготви закон со кој ќе се реши статусот на ветераните на ОНА.

Мнозинството пратеници гласаа „за“ овој закон да се носи по скратена постапка. Законот се префрла на расправа во надлежните собраниски комисии.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ