сабота, 27 јули 2024

СДСМ бара тетовските советници да ја повлечат одлуката за уривање на крстот на Попова Шапка

СДСМ бара од коалицијата Беса и ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово да ја повлечат одлуката за уривање на верското обележје на Попова Шапка и да се воздржат од какви било понатамошни дејствија.

Објавено на

часот

Сподели

„На Попова Шапка станува збор за црковен имот и верско обележје (крст) во двор на манастир, а не за објект. Какви било провокации и дејствија може да предизвикаат тензии со сериозни последици, да подгреат раздор, верски, политички или етнички поделби меѓу граѓаните. Сите политички чинители, пред сѐ коалициските партии БЕСА и ДПМНЕ во Советот на општина Тетово треба да работат за доброто на сите граѓани на Тетово. За жал, Беса и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, соживотот и меѓусебното разбирање. Загрижува тоа што сите штетни одлуки на Касами во Тетово се поддржани од ДПМНЕ како коалициски партнер на Беса“, велат од СДСМ.

Од партијата се сомневаат дека ова е дел од договорено сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и Беса во предизборието.

„СДСМ заедно со граѓаните, со сите разумни и одговорни политички субјекти ќе направи сѐ да не дозволи сценаријата на Беса и ДПМНЕ во Тетово да успеат“, велат од  СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ