петок, 17 јануари 2025

СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди, ВМРО-ДПМНЕ прстот го вперува кон Филипче за состојбите во здравството

На прес-конференција, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави дека со голема загриженост ги следи информациите за случајот со смртта на 9-годишното дете на скопската Клиника за детски болести.

Објавено на

часот

Сподели

СДСМ апелира надлежните институции при најавениот инспекциски надзор да спроведат длабока и транспаретна анализа на третманот на лекување на детето во текот на целиот процес, и кај матичниот доктор и во штипската болница и во скопската Клиника за детски болести, порачувајќи дека одговорност мора да има.

„Денеска денот започна со уште една трагична вест за две починати бебиња, близначиња во Прилеп. И за овој случај ги повикуваме надлежните институции час поскоро да истражат и транспарентно да ги соопштат причините за смртта.

Изминатиов период за жал скоро секој месец сме сведоци на вести за починати деца на Клиниката за детски болести. Состојбата е повеќе од алармантна.

Овие трагедии отвораат низа прашања не само за Клиниката за детски болести туку и за целокупниот здравствен систем, за кои јавноста заслужува итни и јасни одговори.

Како се случуваат ваквите пропусти? Каде затајува системот? Дали се прават обиди за прикривање лекарски грешки?

Во 21 век, во време кога во светот се лансираат современи технологии во здравствениот систем, нашата статстика лани за само шест месеци регистрираше 19 починати доенчиња и едно петгодишно девојче. Ова е страшно и загрижувачки!

Одговорност со оставки мора да поднесат министерот за здравство, Арбен Таравари, заедно со директорот на Клиниката за детски болести, Мемеди.

Ја повикуваме актуелната власт да го спречи враќањето на старите практики и високите стапки на смртност. Здравствениот систем мора да функционира одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните“, порача на прес-конференција Белкиса Зеќири, членка на Извршниот одбор на СДСМ .

На изразената загриженост на СДСМ за состојбите во здарвството, од ВМРО-ДПМНЕ  возвратија со вперување на прстот кон сегашниот лидер на социјалдемократите, Венко Филипче, потсетувајќи на неговата (не)одговорност како министер за здравство за жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово, во 2022 година.

„СДС е партија која ја води Венко Филипче, човек кој беше министер за здравство во криминалната влада на СДС-ДУИ. За време на министерувањето на Филипче и владеењето на СДС, во здравството не се направи ништо за да се подобрат условите.

Наместо да работи на унапредување на здравството и на условите за работа на здравствените работници, Филипче го интересираше само личните и бизнис интересите на тендерашот и негов претходник, Зоран Заев. Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери. Само затоа што го интересираа само провизии од тендерите, Филипче како министер за здравство дозволи да се постави криминална модуларна болница во Тетово, во која живи изгореа 14 лица. А одговорност за тоа, Филипче не сноси зошто, замислите, кабелот бил крив.

Филипче е министер за здравство во чие време Македонија ја позиционираше високо на европските и светски листи по смртност од корона вирусот. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани.

Филипче, исто така, е министер кому му колабираше системот со сообраќајката на Дурмо Турс во која животот го загубиле 16 лица. А тоа се случи најмногу поради лошата поставеност на здравството со кое раководеше Филипче.

Значи, кога СДС држат пресови за здравството во Македонија, треба да имаат предвид дека нивниот претседател Филипче, додека министерувал со истото тоа здравство бил синоним за смрт и синоним за уништување на јавниот здравствен систем“, возвраќаат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ