„Изговори или оправдувања се неприфатливи кога станува збор за човечки животи и за хаосот на Онкологија мора да има одговорност.
Директорите на Клиниката за онкологија, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски и министерот за здравство, Арбен Таравари мора да поднесат оставки и да се повлечат.
Нивната неспособност е животозагрозувачка.
Воопшто не бил преземен соодветен план и не биле навремено набавени лековите, не бил направен систем, не бил направен регистар, ништо не направено, а пациентите се оставени да страдаат. Дури и сега, власта сака да го решава проблемот со донации, додека најавува купување на авион. Срамно, неодговорно и тажно.
Хуманитарната катастрофа на Онкологија е директен резултат на неодговорноста и неорганизираноста на актуелната власт и за тоа мора да има одговорност“, наведуваат од СДСМ.