Како што се наведува во соопштението од СДСМ, ова се само три од повеќе од 170 договори за тендери кои општини и институции раководени од ДПМНЕ ги потпишале со Пуцко петрол. Тендерските договори на оваа компанија биле реализирани во текот на долг период, и целокупниот бизнис со Пуцко Петрол бил поврзан со коалицијата помеѓу ДПМНЕ и ДУИ.
Од СДСМ истакнуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, треба да излезе пред јавноста и да одговори на прашањето колку милиони народни пари преку општините, министерствата и други институции под контрола на ДПМНЕ завршиле кај Пуцко петрол.
Соопштението завршува со повик до јавноста да се побараат одговори за транспарентноста во потрошувачката на народните пари и прашањето дали оваа практика на склучување договори со Пуцко петрол продолжува и денес.