сабота, 27 јули 2024

СЏФ го прогласи Теодосиев за најдобар млад џез музичар

Џез тапанарот, импровизатор и композитор Драган Теодосиев годинава ја доби наградата за најдобар млад македонски џез музичар, што традиционално ја доделува Скопскиот џез фестивал.

Објавено на

часот

Сподели

Теодосиев е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип. Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други.

Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна“ од Антверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат „најзафатениот (џез) музичар во Македонија“. Наградата на Теодосиев му беше врачена минатиот петок пред настапот на неговиот состав Cobalt Code Unit на 42. Скопски џез фестивал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ