вторник, 22 октомври 2024

Саудискиот принц стравува дека ќе биде убиен затоа што се залага за нормализација на односите со Израел

Саудискиот принц Мохамед бин Салман им порача на американските конгресмени кои дојдоа во посета, дека си го ризикува животот залагајќи се за договор за нормализација на односите со Израел, пишува денеска Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на Саудиска Арабија разговараше за заканите со кои се соочува за да објасни зошто мора да обезбеди дека секој договор мора да вклучува јасен и неповратен пат кон идната палестинска држава, објави Политико, цитирајќи поранешен американски функционер запознаен со содржините на разговорите.

На една таква средба Бин Салман се осврнал на случајот со египетскиот лидер Анвар Садат, кој беше ликвидиран од египетските фундаменталисти во 1981 година, по склучувањето мировен договор со Израел.

„Вака објасни тој: Саудијците многу длабоко се грижат за тоа и улиците ширум Блискиот Исток длабоко се грижат за тоа, а мојот мандат како чувар на најсветите места на исламот нема да биде безбеден освен ако не инсистирам на она што е најитно прашање за правдата во нашиот регион“, изјави за Политико извор близок до разговорите.

Тајмс оф Израел, цитирајќи го Политико, пишува дека не е познато кога точно се воделе разговорите во кои саудискиот лидер ја споменал можноста да биде убиен, со оглед на тоа што временската рамка за постигнување израелско-саудиски договор за нормализација на меѓусебните односи е речиси целосно затворена во последните месеци, велат извори во американскиот Конгрес.

Тие извори за Тајмс оф Израел изјавија дека секоја шанса за постигнување договор е згаснат во јуни, со оглед на тековната војна во Газа и се помалата временска рамка на календарот на Сенатот да се закаже ратификација на американско-саудиската компонента на договорот, пред ноемвриските претседателски избори во САД.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во неколку наврати ја отфрли можноста да се согласи за формирање на идна палестинска држава, па секој сличен договор е тешко остварлив, оценува Тајмс оф Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ