четврток, 14 ноември 2024

Саудискиот приц престолонаследник ги нарече израелските напади на Палестинците геноцид

Саудискиот принц престолонаследник го осуди геноцидот на Израел над Палестинците зборувајќи на самитот на исламски и арапски лидери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кралството ја повторува својата осуда и категоричното отфрлање на геноцидот кој го врши Израел над братскиот палестински народ“, кажа принцот Мохамед бин Салман, фактичкиот владетел на Саудиска Арабија.

Тој ја повика меѓународната заедница да не му дозволи на Израел да го нападне Иран и да го почитува иранскиот суверенитет.

Бин Салман во септември кажа дека кралството нема да го признае Израел доколку не се формира палестинска држава.

Вашингтон се обиде да посредува во договор за нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел кој би вклучувал американски безбедносни гаранции за Ријад. Тие напори беа сопрени по нападот на Израел на Газа по упадот на Хамас на израелска територија минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ