среда, 23 октомври 2024

Саудиска Арабија: Убиството на лидерот на Хамас е јасно кршење на иранскиот суверенитет

Саудиска Арабија во средата соопшти дека атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран е „флагрантно кршење“ на суверенитетот на Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Говорот на саудискиот заменик-министер за надворешни работи за време на вонредниот состанок на членовите на Организацијата за исламска соработка (ОИК) беше првата изјава на кралството, главна регионална сила заедно со Иран, по убиството на палестинскиот исламистички лидер во иранската престолнина на 31 јули.

Министерот Валид Ал-Хураиџи додаде дека Саудиска Арабија отфрла „секое кршење на суверенитетот на државите или мешање во внатрешните работи на која било земја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ