сабота, 27 јули 2024

Саудиска Арабија официјално се приклучи во БРИКС

Саудиска Арабија официјално му се приклучи на блокот БРИКС, објави денеска саудиската државна телевизија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фејсал бин Фархан, во август изјави дека кралството ќе ги проучи деталите пред предложениот датум за пристапување на 1 јануари и ќе донесе „соодветна одлука“, објави Ројтерс.

Тој посочи дека групата БРИКС е „корисен и важен канал“ за зајакнување на економската соработка.

Блокот БРИКС претходно го сочинуваа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, но од 1 јануари тој беше двојно зголемен со нови членки – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Иран и Етиопија.

Влегувањето на Саудиска Арабија во БРИКС доаѓа во услови на геополитички тензии меѓу САД и Кина и проширување на кинеското влијание врз кралството, соопшти агенцијата.

И покрај силните врски со САД, Саудиска Арабија сѐ повеќе оди по свој пат поради загриженоста дека Вашингтон е помалку посветен на безбедноста на Персискиот Залив отколку во минатото.

Кина, најголемиот купувач на нафта од Саудиска Арабија, ги предводеше повиците БРИКС да се прошири и да стане противтежа на Западот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ