петок, 26 јули 2024

Саудиска Арабија: Нема дипломатски односи со Израел без независна Палестина

Саудиска Арабија соопшти дека нема да има дипломатски односи со Израел додека не се признае независна палестинска држава на границите со источен Ерусалим од 1967 година и не престане израелската „агресија“ во Појасот Газа, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вчера, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека администрацијата на Бајден добила позитивни повратни информации дека Саудиска Арабија и Израел се подготвени да ги продолжат разговорите за нормализација.

Кралството издаде соопштение за да му го потврди на Вашингтон својот непоколеблив став за палестинското прашање во светло на коментарите што му се припишуваат на Кирби, соопшти министерството.

Идејата Израел и Саудиска Арабија формално да ги зацврстат врските се расправа откако Саудијците им дадоа тивка согласност на соседите од Заливот, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин да воспостават врски со Израел во 2020 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ