Ал Итихад и Ал Хилал отпатуваа во Иран да ги одиграат своите натпревари од азиската Лига на шампиони, но ништо од тоа.
На мечот меѓу Сепахан и Ал Итихад беше поставена статуа на Касум Сулејмани. Тој е убиен ирански генерал кого Саудијците го сметаат за воен злосторник.
Од Ал Итихад не сакале да го играат мечот додека не се отстрани статуата, тврдоглавите домаќини одбиле да го направат тоа бидејќи очигледно политиката им е пред спортот. Мечот не се одиграл.
Во меѓувреме од Саудиска Арабија стигнала наредба до Ал Итихад и Ал Хилал да го напуштат Иран и да се вратат брзо дома.
Вечерва Ал Хилал требаше да му гостува на Насаји Мазандаран. Неизвесно е дали во меѓувреме ќе се смири ситуацијата и ќе се одигра овој меч, или клубот ќе се врати во Саудиска Арабија.
Од Азиската фудбалска федерација соопштија дека овој инцидент ќе биде проследен во соодветни комисии кои ќе решаваат за исходот од мечевите и како понатаму.