Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан преку Твитер порача дека средбата во четвртокот во Пекинг со неговиот саудиски колега Фајсал бин Фархан Ал Сауд била „позитивна“, додавајќи дека во разговорите „акцентот бил на стабилноста, одржливата безбедност и регионалниот развој“.
По долгогодишно непријателство што поттикна конфликти во Блискиот Исток, Иран и Саудиска Арабија се согласија да ги прекинат своите дипломатски несогласувања и повторно да ги отворат амбасадите.
Министрите за надворешни работи на Иран и Саудиска Арабија денеска се сретнаа во Пекинг на прва официјална средба по повеќе од седум години, откако Кина посредуваше за обновување на дипломатските односи меѓу двата регионални ривали.
Во кратката снимка прикажана на иранската државна телевизија, принцот Ал Сауд и неговиот ирански колега Амир-Абодлахиан се поздравуваат пред да седнат еден до друг.
„Техничките тимови ќе ја продолжат координацијата со цел да истражат начини за проширување на соработката, вклучително и враќање на летовите и билатералните средби на претставници и делегации од приватниот сектор и олеснување на визниот режим за граѓаните на двете земји“, се вели во соопштението.