вторник, 22 октомври 2024

Сателитски снимки укажуваат на разместување нови руски крстосувачки ракети на нуклеарен погон

Двајца американски истражувачи тврдат дека во Русија го откриле веројатното место на разместување на новите руски крстосувачки ракети на нуклеарен погон – 9М370 „буревестник“ – за кои претседателот Владимир Путин кажа дека имаат речиси неограничен дострел и дека можат да ја избегнат американската противракетна одбрана, јавува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимките кои на 26 јули ги направила комерцијалната сателитска компанија Планет лабс идентификувани се градежни проекти кои се наоѓаат во близина на складиште на нуклеарни боеви глави познато под имињата Вологда-20 и Чебсара, како потенцијално место за поставување на новите ракети. Објектот се наоѓа на околу 500 километри северно од Москва.

Раместувањето на „буревестник“ во Вологда би ѝ овозможило на руската војска тие ракети да бидат достапни за брзо лансирање.

Наоѓањето на местото за можно лансирање на ракетите сугерира дека Русија продолжува со нивно разместување по серијата тестови во последните неколку години, на кои имаше проблеми.

Аналитичар на истражувачката и аналитичка организација ЦНА ги прегледал сателитските снимки и идентификувал девет хоризонтални лансирни рампи во изградба. Тие се сместени во три одвоени групи, за да се заштитат од напади или да спречат случајна детонација во една од детонација на проектилите во другите групи.

Руското министерство за одбрана и амбасадата во Вашингтон не одговориле на барањето за коментар на ова откритие, стратегиската вредност на „буревестник“, резултатите од тестирањата и ризиците кои ги претставуваат. Портпаролот на Кремљ кажа дека тоа се прашања за министерството за одбрана и одби да коментира.

Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков кажа дека Русија ќе ги измени своите насоки за употреба на нуклеарно оружје, како одговор на, како што кажа, „западната ескалација во војната во Украина“, пренесува ТАСС.

Во извештајот на Националниот центар за вселенска разузнавачка дејност на американското воздухопловство од 2020 се наведува дека Русија, ако успешно го внесе „буревестник“ во употреба, ќе има единствено оружје со можност за интерконтинентален дострел.

Западните експерти го нарекуваат „вуревестник“ политичко оружје кое Путин го користел да го зајакне својот имиџ на моќен лидер пред реизборот во 2018 година и да му порача на Вашингтон дека не може да ја отфрли неговата загриженост околу американската противракетна одбрана и други прашања.

За техничките детали на „буревестник“ малку се знае. Експертите проценуваат дека малата ракета на цврсто гориво би се лансирала со уфрлање воздух во моторот кој има минијатурен нуклеарен реактор. Во тој момент би излегол прегреан и веројатно радиоактивен воздух, за да обезбеди потисок.

Путин ја најави ракетата во март 2018, кажувајќи дека ракетата ќе лета ниско, со речиси неограничен дострел, непредвидлива траекторија и непобедлива за сегашната и идната воздушна одбрана. Многу западни експерти се скептични околу тврдењата на Путин.

Според некои проценки, „буревестник“ би можел да има сотрел од околу 23.000 километри.

Распоредувањето на „буревестник“ не е забрането со договорот Нов СТАРТ, последниот руско-американски договор кој го ограничува распоредувањето на стратегиското нуклеарно оружје, кој истекува во февруари 2026 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ