четврток, 6 март 2025

Сашо Дранго не е повеќе заменик директор во „Македонија пат“

Сашо Дранго, заменик директорот на „Македонија пат“ кој лани се сликаше со застрелана  мечка не е повеќе на функцијата. На негово место доаѓа Александар Шуковски.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес е мојот прв работен ден на позицијата, в.д. заменик генерален директор на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат). Голема благодарност до претседателот на Владата, г-дин. проф.д-р Христијан Мицкоски, членовите на Владата и членовите на Управниот одбор на институцијата за дадената доверба. Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена“, напиша Шуковски на својот Фејсбук профил.

Дранго лани во декември објави на социјалните мрежи објави фотографија со застрелана мечка иако ова диво животно е под заштита и нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането за што е предвидена и затворска казна. По реакциите на здруженијата за заштита на животните Дранго изјави дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа, па тој заедно со вработените во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа. Дранго велеше дека за ова имало и записник во полициската станица во Битола, но од таму негираа дека има пријава.

Од Основното јавно обвинителство од Битола изјавија дека ќе отворат предмет за случајот со мечката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ