Гранада вчера ја изненади Барселона и одигра 2-2, херој на домаќините беше Брајан Сарагоса, кој два пати ја тресе мрежата.
Напаѓачот по само 17 секунди го матираше Тер Штеген и донесе предност од 1-0 за домаќините, за потоа во 29. минута во два наврати да го измести Жил Кунде, па и Тер Штеген и мајсториски да реализира за 2-0.
По крајот на натпреварот, Брајан Сарагоса откри каква порака добил од Роналд Араухо, кој пред крајот на првиот дел влезе во игра на местото на повредениот Жил Кунде.
„Араухо ми рече, „Копиле, престани да трчаш!““ – откри напаѓачот, и потоа сподели кои му се идоли.
„Од дете, пример кој го следам ми е Лео Меси, бидејќи тој е најдобриот. Навистина ми се допаѓа и Нејмар, а во последно време особено внимавам што прави Винисиус Жуниор“.