сабота, 27 јули 2024

Сараево ноќеска има најзагаден воздух во светот: „Опасен е по здравјето“

Сараево ноќеска стигна на врвот на листата градови со најголемо загадување на воздухот во светот, откако мерните инструменти утврдиле концентрација на штетни материи опасни за човечкото здравје.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците кои ги објави порталот Ајкјуер, индексот на квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина во вечерните часови бил 317, што означува краен степен на опасност по здравјето. Притоа концентрацијата на ситни честички прав ПМ 2,5, кои влегуваат длабоко во белите дробови и можат трајно да го оштетат здравјето, била 53,4 пати поголема од вредноста која за дозволена ја смета Светската здравствена организација (СЗО).

Сараево така стана градот со најзагаден воздух во целиот свет, а веднаш по него се градови како пакистански Лахоре, Дака во Бангладеш и индиските Калкута и Делхи, но со индекс на загадување значително помал и во распон од 229 до 298.

И покрај драматичните показатели за состојбата на воздухот, градските власти на Сараево не прогласија никакви вонредни мерки ниту воведоа ограничувања.

За главна причина за загадувањето во Сараево се сметаат домаќинствата кои во голем број сè уште го користат јагленот за греење, како и несразмерно големиот број автомобили кои сообраќаат по градските улици, главно со застарени мотори. На загадувањето придонесува и положбата на Сараево во котлина, што во зимските денови кога нема ветер создава ефект на „сад со капак“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ