Стефано Пиоли очигледно во мислите го имаше реваншот против Наполи во Лигата на шампионите, попладнево направи многу промени во тимот за мечот против Болоња па „росонерите“ испуштија два бода.
Домаќините поведоа по само 33 секунди игра, Сансоне од пет метри ја затресе мрежата на Милан за 1-0.
Одговорот на гостите стигна во финишот на првиот дел, Побега начека една топка на врвот на шеснаесетникот и испука ракета која од стативата заврши во голот.