вторник, 5 март 2024

Саниран железничкиот мост кај Стоби, утре ќе биде тестиран со „празен“ воз

По речиси два месеци отако пукна средниот носечки столб на железничкиот мост кај Стоби и откако е во прекин, денеска е соопштено дека е завршена санацијата како на тој столб, така и на главните носачи на овој мост на Црна Река. Утре во периодот од 11 до 14 часот ќе се изврши пробно испитување – пробно товарање на мостот, а првиот воз што ќе го помине ќе биде „празен“, без патници.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекуваме дека носивоста на мостот е во ред и дека ќе се направи технички прием, по што планираме утре попладне повторно да го пуштиме товарниот сообраќај на релација Скопје-Гевгелија кон Солунското пристаниште и обратно кон земјите од Средна Европа. Воедно патниот сообраќај кој од 14 ноември кога се случи оштетувањето на столбот досега се одвиваше континуирано со воз и автобус и преместување на патниците од утре попладне ќе биде само со воз на релација од Гевгелија преку Велес за Скопје и обратно, информира за МИА, Никола Марков од ЈП ЖРСМ Инфраструктура. Првиот воз без преместување на патниците, а само со воз, ќе биде оној кој од Гевгелија за Скопје поаѓа во 16,20 часот утре попладне.“, велат од Железницата.

Од 15 ноември железнички сообраќај се изведува комбинирано, од Градско до Неготино и обратно патниците се превезуваат со автобус, додека од Скопје до Градско и од Неготино до Гевгелија се воз.

Товарниот сообраќај пак, е во прекин поради што од компаниите реагираа дека трпат големи штети.

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин од 14 ноември минатата година поради оштетување на столбот. Изведувачот на градежните работи фирмата Синтек инженеринг од Скопје која ги започна работите на 29 ноември со рок од 45 дена ги заврши една недела предвреме.

На истиот Железен мост на Црна Река кај Стоби пред четири години беше оштетен, првиот столб, и во периодот од 29 септември 2018 до 8 ноември железничкиот сообраќај беше исто така во прекин.

МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт тогаш информираат дека имале загуба од 1,2 милиони евра, а најновата загуба поради 52 дневното не сообраќање на товарните возила допрва треба да се пресмета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ