сабота, 27 јули 2024

Саниран дефектот кој остави без вода пола Центар во Скопје

Дефектот, како што информираа од Јавното претпријатие (ЈП) Водовод и канализација е саниран утрото околу 4 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Саниран е големиот дефект на Кеј Димитар Влахов во непосредба близина на Младинскиот културен центар, кој од вчера претпладне остави без вода поголем дел од централното градско подрачје.

Дефектот, како што информираа од јавното претпријатие Водовод и канализација е саниран ноќеска околу 4 часот.

Поради пукната голема водоводна цевка, поради која беше поплавена и улицата кај МКЦ, од вчера наутро часот без вода останаа и корисниците на дел од Крњево, Керамидница, трговскиот центар Ист Гејт ,булевар Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил, пожарната, а намален притисок имаа населбите Маџари и Хиподром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ