понеделник, 9 декември 2024
Баерн ја одреди казната

Сане упатил тешка навреда кон Мане, откриено зошто Сенегалецот избувнал и го удрил соиграчот

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот во соблекувалната на Баерн Минхен по поразот од Лигата на шампиони останува топ тема во фудбалска Германија. Последните информации велат дека Лерој Сане упатил тешки навреди кон Садио Мане, па затоа Сенегалецот ги загубил нервите и го удрил во лице својот помлад колега.

Извори блиски до Садио Мане откриваат дека Лерој Сане го нарекол „црно гомно“ поранешниот фудбалер на Ливерпул.

Баерн Минхен веќе реагираше и го суспендираше Садио Мане за натпреварот против Хофенхајм, а му изрече и парична казна, според пишувањата на Билд, Сенегалецот ќе плати глоба од околу 500.000 евра.

Се говори дека „баварците“ размислувале и да го избркаат Садио Мане од клубот но му прогледале низ прсти поради неколку причини.

Садио Мане веднаш се извинил, во предвид било земено и тоа што фудбалерот тагувал откако неодамна починала негова тетка во родниот Сенегал, а помогнал и самиот Лерој Сане, кој ургирал кај шефовите да не се превзема драстичен чекор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ