Таа го изјави ова за време на посетата на Киев, каде што ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски за безбедноста, енергијата, инфраструктурата, трговијата и взаемната поддршка на патот кон ЕУ. Зеленски рече дека разговарал со Санду за снабдување на земјата со јаглен од Украина, пренесува Ројтерс.
„Преку соработката на Украина и Молдавија, можно е да се снабди цела Молдавија со електрична енергија и да се намали цената на струјата во Молдавија за 30 отсто“, рече тој.
Зеленски истакна дека стабилноста во Молдавија е исто така прашање на безбедноста на Украина и рече дека двете земји можат „заедно да ја поправат ситуацијата“ што, како што тврди, Москва ја користи.
Како што пренесува Укринформ, руски Газпром на крајот на декември 2024 година објави дека ќе престане да испорачува гас за Молдавија поради наводни долгови на компанијата Молдовагас.
Гаспром го процени долгот на Молдавија на 709 милиони долари, но Кишињев признава само 8,6 милиони долари, тврдејќи дека остатокот од долгот се однесува на гасот што земјата го троши на спорната територија Придњестровје.
Во средината на декември во Молдавија беше воведена вонредна состојба во енергетскиот сектор, а Министерството за енергетика кон крајот на минатата година објави дека Молдавија најголемиот дел од електричната енергија ќе го увезува од Романија, додека 30 проценти ќе бидат обезбедени од локалните термоелектрани.